Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона. Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.
Димитриоски иако е млад веќе има искуство со настапите во регионалната СЕХА Газпром лига и во ЕХФ лигата на шампионите. Брзината и експлозивноста му се карактерстика. Тој веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија. Играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги помина и сите младински селекции во репрезентацијата покажувајќи дека е подготвен и за поголеми спортски успеси.
- Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи. – изјави Давор Стојаноски извршниот директор на Вардар.
Европскиот шампион ги продолжи договорите со Сташ Скубе и голманот Калифа Гедбан а во своите редови ги доведе Сергеј Горпишин, Павел Атман и Кугис Артус.
OhridNews