Брацо Вујичиќ се враќа во Вардар. Поранешниот спонзор на клубот денеска доби пресуда во негова корист во која судот налага поставеноста во нашиот најтрофеен клуб да се врати на состојбата од 14 март 2008. Што значи на Управата која беше под контрола на Вујичиќ.
Решението всушност му одговара на Вардар бидејќи нема излез од организациско –финансиската катастрофа што го снајде и затоа нема да се жали на ваквата судска одлука.
Според денешната пресуда, сите активности во Вардар кои се одвивале во последниве две и пол години се неважечки. Вардар се враќа во рацете на Вујачиќ. Ваквото решение беше и за очекувања и всушност во Вардар се чини го гледаат како единствен спас за кризата во која се наоѓа клубот, па затоа по завршувањето на административните процедури, старо- новиот спонзор најавува дека ќе го преземе клубот кој е последно пласиран на прволигашката табела и настапува практично со младински состав.
Сепак компликација во ваквата разврска на ситуацијата е фактот што Вујичиќ е веќе спонзор на Тетекс, а според неофицијалните тврдења и помагател на Работнички. Прописите на ФФМ забрануваат еден спонзор да финансира повеќе клубови во првенството.
Одиграно второто коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати Моментална табела после второ коло Пи...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 20-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Башкими Натпреварот се игра утре со почеток во 14 часот на стадионот во Куманово OhridNews...
Ќе дадеме се од себе во последниот натпревар пред плеј-офот со Вардар да извојуваме победа за нашите навивачи, вели бекот на ГРК Охрид, Рудолф Шафранко OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.