Првиот освојувач на трофејот во регионалната СЕХА лига, Вардар претрпе неочекуван пораз од Војводина 25-23 пред своите гледачи.


Никој не веруваше во вакво чудо ако се знае разликата во квалитет меѓу двата тима, но гостинските ракометари одиграа без стрв и респект кон „црвено црните“ и сосема заслужено ги освоија двата бодови во „Кале“.

Поразот нема да ја дестабилизира позицијата на Вардар на табелата во СЕХА лигата, но ќе биде вистинска опомена за пулените на шпанскиот стратег Раул Гонзалез Гутиерес.

Мх.П.