Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата го совладаа Еурофарм Работник 30-28 (10-18) во заостанатиот натпревар од првата рунда во плејофот од Супер лигата.

„Црвено црните“ до триумфот во Битола стигнаа со пресврт во второто полувреме, откако после 30 минути играа имаа голема негатива од 8 погодоци.

Вардар во почетните десет минути од второто полувреме намали на 20-17, а во 50-та стигна до егал. До финишот се играше гол за гол, а Вардар 28-28 направи серија 2-0, домаќините во меѓувреме два пати не погодија и останаа на чекор од позитивен резултат.

Најпрецизен во составот на Вардар беше Тимур Дибиров со 8 голови, а по 4 постигнаа Данил Шишкарев, Даинис Криштопанс и Стојанче Стоилов. Во екипата на Еурофарм, Филип Кузманоски финишираше со 8 погодоци. Пет пати прецизни беа Никола Маркоски и Милан Џукиќ.

OhridNews
Фото: Гол.мк