Македонскиот ракометен првак Вардар потешко од очекувањата го совлада Пелистер во Битола со 28-24 (14-10) во заостанатиот натпревар од Супер лигата.
Иако квалитетот беше и е на страната од „црвено црните“ сепак битолските ракометари покажаа голема желба за надигрување со гостите.
Петнаесетина минути добро се држеа, а имаа и водство 6-5, но тогаш проработе вардаровата машинерија и со серија 7-0 (12-6) комплетно го свртеа резултатот.
Предноста од четири погодоци по првиот дел не се покажаа воопшто сигурна за вардарци во вториот.
Желбата покрај негатива не спласна во домашниот состав и успеаја да ја намалат разликата на еден (20-19) или два погодоци.
Во финишот „зелено белите“ немаа сила за подвиг и ракометарите на Вардар го продолжија походот кон одбрана на титулата во националниот шампионат.
Мх.П.