Ракометарите на Вардар ја забележаа 12-та победа во СЕХА лигата совладувајќи ја Војводина со 30-26.


Двете екипи играат „отворен“ ракомет без ангажирање во одбраната, а „црвено црните“ клучниот чекор кон победата го направија на средината од вториот дел кога поведоа со +5.

После тоа избраниците на шпанскиот стратег Раул Гутиерез рутински го спроведоа мечот во самиот финиш.

Со овој триумф „црвено црните“ се зацврстија на втората позиција на табелата зад лидерот Веспрем, кој е до сега е непогрешлив.

Мх.П.