Екипата на Вардар со реми 1-1 (0-0) во контролната средба со тимот на Воска Спорт ги отвори мини подготовките во Охрид.

Скопските „црвено црни“ доминираа во првото полувреме, но Воска Спорт благодарание на добрата игра во одбрана и голманот оддолеа на сите напади. На стартот од второто полувреме, „вардарци“ преку офанзивецот Стојановски го отворија резултатот. Лидерот во третолигашката конкуренција не се предаде и успеа да обезбеди егал со погодок во 75-та минута.

Вардар во Охрид ќе остане до петок, а под палката на Никола Илиевски-Џиџи ќе работи на тактичкиот план.

Ќе ставиме акцент на тактиката, бидејќи немаме многу време за некоја физичка подготовка. Незнам дали во текот на полусезонава ќе го надополниме периодот без тренинзи, но секој случај гледам дека владее голем оптимизам во клубот. – изјави Џиџи.

Вардар викендов кој доаѓа против битолски Пелистер ќе го одигра првиот натпревар во втората полсуезона во Првата лига.

OhridNews