Двократниот европски првак, Вардар против добро познати лица и противници ќе ги одмери силите во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“ во полудигираната ждрепката за противници ги добија Пари Сент Жермен кој од клупата го предводи Раул Гонзалес а во екипата игра Даинис Криштопанас, полскиот гигант Киелце во кој играат Игор Карачиќ и Алекс Душабејв и Порто кој во летниот преоден рок се засили со Никола Митревски. Другите ривали се ПИК Сегед, Мешков Брест, Флензбург и Елверум.

Новата сезона во клупското натпреварување се очекува да започне во септември. Групната фаза ќе брои 14 кола, а потоа ќе се одиграат нокаут фазите. Првите двe најдобропласирани екипи од секоја група ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето. Оние кои ќе ја завршат групната фаза од трето до шесто место ќе се надигруваат во плеј-оф фаза за пласман меѓу најдобрите осум.

Групите:

Група А: Вардар, ПСЖ, Порто, Киелце, ПИК Сегед, Мешков Брест, Флензбург, Елверум

Група Б: Барселона, Веспрем, Алборг, Кил, Нант, Мотор Запорожје, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб

OhridNews