Спонзорот на ЖРК Вардар СЦБТ, Сергеј Самсоненко, од следната сезона ќе биде главен спонзор и на Вардар Про, ракометниот шампион на Македонија. Влегувањето на рускиот бизнисмен, го потврди почесниот претседател на Вардар Про Михајло Михајловски.


Слично како и во женскиот клуб, Самсоненко, покрај спонзорската, ќе ја има и улогата на спортски директор.

„Целта е Вардар да биде многу подобар, ќе целиме следната сезона да го направиме она што го постигна Металург во Лигата на шампиони и нормално да ја одбраниме титулата во домашното првенство и да играме на Фајнал Фоур турнирот во СЕХА лигата“, рече Михајло Михаловски.

Самсоненко потврди дека ќе се обиде Вардар Про долгорочно да го постави на победнички патеки, потенцирајќи дека прва задача ќе му биде да го проектира буџетот за следната сезона, со кој ќе може во тимот да бидат донесени квалитетни засилувања од домашното првенство и од странство.

“Макфакс“
Фото : “Мкд.мк“