Македонскиот ракометен првак Вардар ПРО се пласираше во лигата на Шампиони. “Црвено – црните“ до ракометната елита стигнаа откако го освоија првото место на турнирот на кој беа домаќини.


Во Кале прво беше совладан Бешикташ (33-30) потоа Будуќност (35-28 ) и во одлучувачкиот натпревар Динамо Минск,  со 34-24.

Вардарци по шести пат во својата историја ќе играат во европската Лига на Шампиони, а нивни противници до д- групата ќе бидат екипите на Кил, Барселона, Адемар Леон, Амичитија и Колдинг.

ohridnews