завршниот турнир во СЕХА лигата, откако во претпоследното коло го
совладаа Ловќен со 38:29 (19:11).
Вардарци до победата со која стекнаа недостижна предност во однос на
Татран Прешов стигнаа уште во првото полувреме во кое акумулираа
предност од осум голови. Игор Карачиќ со седум голови беше најефикасниот играч на Вардар на овој натпревар.
Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се одигра од 12. до 14.април во
Скопје, а покрај Вардар Про кој ја брани титулата, на турнирот ќе
учествуваат Мешков Брест, Металург и КО Загреб.