Ракометарите на Охрид претрпеа пораз од шампионот Вардар во Скопје 33:26, во рамки на 14 коло од машката Супер лига.
Охрид по очекуваниот пораз останува на 7-та позиција на табелата со 19 бода и се уште со шанси за приклучок на водечката шесторка. Вардар пак се израмни со Еурофарм Пелистер на врвот на табелата. Двата тима имаат по 39 бода.
Во следното коло, на 16 декември, Охрид дома ја пречекува екипата на Радовиш.
OhridNews