Ракометниот првак на Македонија, скопски Вардар Про во квалификациска група иќе игра против Динамо од Минск (Белорусија), Будуќност П. (Црна Гора) и Бешикташ (Тур).


Според новиот систем на натпревари кој го одреди ЕХФ, само најдобрата екипа од групата ќе мине во т.н. „групна фаза“.

Средбите ќе се играат на едно место (домаќин-организатор) и тоа по принципот „секој со секого“. Во еден квалификациски викенд (мажите од 4 до 6 септември 2009) ќе се знаат комплетните резултати.

ohridnews