Екипата на Вардар повторно беше на шопинг во хрватскиот клуб, Загреб од каде доведе десен бек. „Црвено црните“ го ангажираа Јосип Векиќ.

22-годишниот ракометар кој е висок 212 сантиметри во тимот на Вардар ќе има вистински прилика за докажување и чекор напред во кариерата. Квалитетот на Векиќ беше оспоруван, а нема подобро место за контра одговор на Балканот од ракометниот клуб Вардар.

Во овој преоден рок, Вардар од Загреб го доведе Анте Гаџа кој според начинот на игра и позицијата потсетува на Сташ Скубе.

OhridNews