Со погодокот на Филип Петров во 51-та минута лидерот во Првата лига, Вардар го совлада Младост во пријателскиот натпревар, кој се одигра во Охрид.

Иако само еднаш се затресија мрежите на „Атина Бојаџи“ двете екипи одиграа квалитетен и отворен натпревар со по неколку изгледни шанси.


Тренерите на Вардар и Младост им пружија шанса на сите фудбалери кои се најдоа на клупата и ја искористија паузата во шампионатот поради репрезентативните обврски.

Вторник со почеток во 15 часот контролен натпревар на „Атина Бојаџи“ ќе одиграат Караорман и албански Кукеши.

Мх.П.