Фудбалерите на Вардар минимално 1-0 беа поразени на првата контрола во Охрид. Освојувачот на македонскиот куп беше поразен од албанскиот првак Тирана ,со голот на репрезентативецот Абазај во 53м. Двете екипи имаа свои прилики .
Први се заканија гостите преку Фортизи , по половиначас игра преку Пеев скопјани ја имаа најубавата прилика на натпреварот. По бројните измени во вториот дел профитираа гостите кои преку Абазај дојдоа во предност која на крајот се покажа одлучувачка.
Најавеното засилување од Србија Милосављев пристигна во Охрид и од четврток ке се приклучи на подготовките. По 45 мин шанса да покажат што знаат добија србите Одовиќк и Новаковиќ кои се на проба во Вардар.
Наредената контрола црвено-црните ке ја имаат против Беса во Петок.Во план да одиграат уште еден натпревар со Тирана на 10 ,а подготвките во Охрид би ги завршиле со натпреварот против Силекс на 12 Јули.
М. Постоловски