Во пријателски, подготвителен натпревар што се одигра вечерва во салата “Билјанини извори”, ГРК Охрид загуби од Вардар 2933, полувреме 10:15.

Вечерашниот беше последен во низата подготвителни натпревари што ги одигра ГРК Охрид пред продолжението на сезоната претстојниот викенд.

Охрид на стартот од вториот дел на сезоната во Супер лигата му гостува на Фруит Ленд Борец во Велес.

На табелата води Алкалоид со 30 бода, два повеќе од Е. Пелистер и Вардар, а Охрид е четврти со 25 бода.

Г.М.

Фото: А.Момироска