Ракометарите на Вардар со минимални 25-24 (13-13) го совладаа Металург во македонското дерби кое се одигра во втората рунда од регионалната СЕХА лига.


„Црвено црните“ на дербито со Металург ги повторија грешките од мечот со Брест Мешков на кој испуштија победа, но овој пат Петар Ангелов со интервенција во последниот напад донесе победа прва сезонава.

„Вардарци“ на седум минути од крајот на мечот имаа плус четири на семафарот (24-2), но опуштањето „металурзите“ го казнија со серија 4-0 и егал во последната минута.

„Гостите“ во Борис Трајковски погодија за 25-24, домаќините преку Горан Печенковски не реализираа и претрпеа пораз од градскиот ривал.

OhridNews