Ракометарките на Лихнид го претрпеа четвртиот пораз во шестиот натпревар сезонава, откако на домашен терен изгубија од Вардар со 29-18 (15-9).
Водечката екипа на табелата комплетно ја оправда фаворитската улога во СРЦ „Билјанини Извори“ и го задржа максималниот ефект во лигата.
„Китовите“ солидно парираа во првото полувреме, во кое „вардарки“ отпорот го скршија во финишот и на одмор заминаа со плус шест голови. Во вториот дел, ротацијата во составот си го направи своето и гостински ракометарки заслужено се радуваа на победата на крајот од мечот.
Шанса за поправен составот на Лихнид ќе има следниот викенд на гостувањето кај екипата на Вардар Кузман Илинден.
OhridNews