Ракометарите на Вардар го задржаа победничкиот ритам во СЕХА лигата, совладувајќи го тимот на Горење Велење со 40-32 (21-12) во седмата рунда од шампионатот.
„Црвено црните“ до шестата победа во седмиот натпревар во регионалната ракометна лига стигнаа со доминатна игра во текот на целиот меч.
Решителноста и квалитетот, голема предност од девет голови им донесе на „вардарци“ уште во првиот дел (21-12). Во второто полувреме домашните ракометари ја задржаа и остварија победа со која се зацврстија на првото место на табелата.
Седум голови во триумфот на Вардар реализираше, Тимур Дибиров додека пет постигнаа пивотмените Стоилов и Мораеш.
OhridNews