– Овој натпревар е секако момент за фудбалско уживање. Чест е за нас што ќе ги одмериме силите со едно такво европско име, но не треба да заборавиме дека ние сега главно размислуваме на последните две првенствени кола во кои треба да се стигне до одбрана на шампионската титула. Затоа, утре секако ќе настапиме со сите наши расположиви сили но ќе калкулираме околу минутажата на нашите најдобри фудбалери – рече тренерот на “црвено црните“, Милевски.
Преставникот од Бундес лигата во Скопје ќе допатува со најсилниот состав, кој го има на располагање тренерот Јенс Келер.
– Од овој натпревар потребно е да извлечеме одредено искуство во пресрет на европските настапи ова лето. Добра можност да се почуствува надмудрувањето на теренот со големи фудбалски индивидуалци и секако убава шанса за уживање на домашната наша публика. Во секој случај, нам како фудбалери многу поважно ни е она што следи по Шалке 04 чие гостување верувам добро ќе ни дојде како најава за одбраната на шампионската титула – потенцираше капитенот на Вардар, Степановиќ.