Екипата на Вардар 1961 го освои трофејот на третиот Меѓународен меморијален турнир “Крсте Андоновски” што вечерва заврши во Охрид.

Во македонското финале Вардар го совлада Алкалоид 25:23.

Вардарци најмногу покажаа на турнирот и сосема заслужено стигнаа до трофејот.

Третото место без борба го освои словенечки Целје откако непосредно пред почетокот на мечот грчки Олимпијакос го извести организатотот дека поради неповолниот здравствен биланс екипата не може да настапи во малото финале.

Петтото место го освои белградски Партизан, шеста заврши екипата на Динамо Панчево,  домаќинот Охрид го освои седмото место, а Ловќен заврши осми.

Г.М.