Екипата на Вардар СЦБТ го освои златниот медал во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Во финалето кое се одигра во Скопје „црвено црните“ го совладаа Металург со 33-24 и стигнаа до првата титула по долго годишна пауза.
Со титулата во Купот на Македонија избраничките на тренерот Индира Кастровиќ ја продолжуваат сезоната соништата. Претходно македонките учествуваа на завршниот турнир во Лигата на Шампиони и го освоија третото место.
Завршниот турнир во машка конкуренција се игра во Охрид на 17 и 18 мај.
Мх.П.