Од ден на ден се влошува состојбата во најтрофејниот македонски фудбалску клуб Вардар, која денеска кулминираше со оставки на претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев.
Обајцата му се заблагодарија на Сергеј Самсоненко за довербата и изјавија дека се исцрпени од борбата за доброто на клубот, но и дека ќе останат на располагање покрај оставките и заминувањето.
Се вложив максимално во работата изминативе години, целосно се посветив и таа ми беше на прво место, себично, но, и пред приватниот живот. Беше личен предизвик, гордост, задоволство, но на моменти и тешко искуство кое не може да се опише. Емотивно сум исцрпен и истрошен и немам веќе ниту сила, ниту моќ да се борам. – стои во соопштението од Симев.
„Црвено црните“ пред почетокот на сезоната со големи напори се консолидираа и стартуваа со мечевите во Првата лига, но ситуацијата не се поправаше и резултатираше со заминување на тренерот Александар Васоски. На добар пат се и играчите да заминат и клубот да се соочи со дисквалификација.
OhridNews