Една од клучните алки на Вардар во освојувањето на втората титула во Лигата на Шампиони, Сташ Скубе објави дека заминува од Скопје. Словенецот не истакна каде ќе ја продолжи кариерата, туку само дека го напушта Вардар.

Ова се само неколку добри сеќавања, но ги имаше многу повеќе. Горд сум што го носев дресот на Вардар во последните две години и на успесите кои ги постигнавме. Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата сезона беше еден од најдобрите денови во мојот живот. Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, фановите и луѓето што ни даваа поддршка. Му посакувам сè најдобро на Вардар и се надевам дека во иднина клубот ќе остане на нивото кое го заслужува. Налето ќе го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно. Вистинската љубов е навиката да се враќаш. Еден живот, една љубов. – објави Скубе на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Скубе во Скопје дојде од тимот на ПИК Сегед и веднаш се наметна како главен ракометар во нападот на „вардарци“.

Вардар во текот на оваа сезона остана без Даинис Кристопанс и Павел Атман, кои, заминаа поради финансиските проблеми додека клубот го засилија репрезентативците Борко Ристовски и Марко Мишевски.

OhridNews