Ракометарите на Вардар против француски Монпеље на гостински терен на 14 септември ќе ги започнат натпреварите во Лигата на Шампиони а воедно и одбраната на титулата освоена минатата сезона.
Средбата ќе биде интересна поради ривалството и шампионското педигре, бидејќи во последниве три години токму овие две екипи се искачуваа на тронот од европскиот ракомет.
„Црвено црните“, премиера пред публиката во Јане Сандански ќе има на 22 септември кога силите ќе ги одмери со Порто. Првото дерби во Скопје се игра во 4-та рунда на 12 октомври против германскиот гигант Кил.
Двојки:
1 коло – 14 септември (17,15 часот)
Монпелје – Вардар
2 коло – 22 септември (17 часот)
Вардар – Порто
3 коло – 29 септмеври (18 часот – локално време)
Мотор – Вардар
4 коло – 12 октомври (17,15 часот)
Вардар – Кил
5 коло – 19 октомври (17,15)
Веспрем – Вардар
6 коло 3 ноември (19 часот)
Вардар – Мешков
7 коло – 9 ноември (17,30)
Вардар – Кјелце
8 коло – 13/17 ноември
Кјелце – Вардар
9 коло – 23 ноември (18 ч. – локално време)
Мешков – Вардар
10 коло – 1 декември (17 ч.)
Вардар – Веспрем
OhridNews