Македонската фудбалска гордост, Вардар, денеска одбележува 60 години од постоењето.
Јубилејот црвено-црните ќе го заокружат со пријателскиот натпревар против Партизан од Белград што ќе се одигра денеска на “Градски“ во Скопје.
Јубилејот 60 години од постоењето се совпаѓа и со 20-годишнината од формирањето на навивачката група „Комити“.
Инаку интересно е да се напомене дека во 1987 година Вардар и Партизан беа прогласени за шампиони на тогашна Југославија. Вардар од фудбалскиот сојуз, од УЕФА и од ФИФА, и настапи во Купот на европските шампиони каде беше елиминиран од Порто (тогаш актуелен европски првак), а Партизан, од судските органи.
ohridnews