– Интересна е одлуката на одборот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија, ако се знае дека истиот беше главен судија и на претходниот дуел на Вардар на дербито против Пелистер на националната арена „Филип Втори“ и покрај тоа што нашиот тим бараше негово изземање поради негативно искуство од минатото. Но, очигледно за „црвено-црните“ неизбежно не постои друг судија во македонскиот шампионат – коментираат од Вардар, а пренесува Дневник.
Од охридските судии викендов задача имаат Стефче Шулески и Жарко Тодоровски на мечот во Тетово, Шкендија – Работнички и Марјан Ецкоски на дуелот во Кратово, Силекс – Хоризонт Турново.