Името на македонскиот ракометен првак Вардар не се најде во потесниот избор на Европската куќа на ракометот (ЕХФ) за пласман на завршниот турнир од Лигата на Шампиони.

Во најновото рангирање на ЕХФ, Вардар се наоѓа на шестата позиција со пад од едно место од претходното. Местото број пет на „црвено црните“ го зазеде германскиот бундеслигаш Фленсбург. На четвртата позиција е тимот на Веспрем, трет фаворит е потенцијалниот противникот на македонскиот преставник во 1/4 финалето Пик Сегед, а на двете водечки позиции се наоѓаат Барселона и Пари Сент Жермен.

Осминафиналните натпревари во ЛШ започнуваат неделава и ќе биде интересно да се виде дали експертите правилно ќе оценат, или ќе се потврди фактот дека предвидувањата пред почетокот не значат ништо.

OhridNews