Најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб Вардар нема да игра во Европа откако не ја доби потребната лиценца од Фудбалската федерација на Македонија. „Црвено црните“ тонат во милионски долгови и втора година по ред немаат право за учество во европските натпреварувања.

Покрај Вардар лиценца за излез во Европа на добија Струга Трим Лум, Борец и второлигашката екипа Брегалница. Доверба од ФФМ добија Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.

Сезоната во Првата лига е прекината и нема да се доигра. Лидер на табелата беше Вардар кој се уште не се знае дали ќе ја добие титулата. Без разлика дали ќе биде или не шампиони, Вардар нема да игра во Европа. Од целокупната ситуацијата може да профитираат Силекс и Ренова.

OhridNews