Дерби средбата во 14-та рунда од Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Хоризонт Турново ќе се одигра во Охрид на стадионот „Атина Бојаџи“.


Охрид е резеревна солуција за Вардар бидејќи сеуште неможат да се вратат на „Филип Втори“ поради санација на тревникот. До сега избраниците на тренерот Боби Милевски одиграа два натпревари во Охрид и на двата успеаја да забележат победа.

Натпреварот со Хоризонт Турново фудбалерите на Вардар во Охрид ќе го одиграат в недела со почеток во 13 часот.

Мх.П.

X