Македонскиот ракометен првак Вардар се искачи на тронот од регионалната ракометна СЕХА лига.

До втората титула во третото издание од СЕХА лигата „црвено црните“ стигнаа откако во финалето го совладаа тимот на Брест Мешков со 29-27 (14-15).

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес не покажаа доминатна игра, но со мало вложување на почеток од вториот дел го свртија резултатот во своја полза и го задржаа до крајот на мечот.

Рускиот ракометар Дибиров постигна 11 погодоци, а на голот од Вардар брилираше Шпанецот, Малумбрес со 12 успешни интервенции.

Мх.П.