Ракометниот клуб Вардар се наоѓа на чекор од титулата во македонската Супер лига по убедливиот триумф над Охрид 38-23 (20-13) во деветтата рунда од шампионатот.

„Гладијаторите“ иако претрпеа пораз со двоцифрена разлика на семафорот добро го отворија мечот поведувајќи со 3-1, а „црвено црните“ во последната третина од првиот дел го скршија отпорот и на пауза заминаа со плус седум (20-13).

Во второто полувреме „црвено црните“ уфрлија брзина погоре, охриѓани немаа одговор и го претрпеа највисокиот пораз сезонава изразен со 15 голови негатива (38-23).

Последен ривал на охридските ракометари ќе биде битолски Пелистер со кој ќе се судрат во спортската арена „Билјанини Извори“.

РК Вардар: Штербик, Стоилов 2, Недановски 2, Милиќ, Рожерио 3, Карачиќ 3, Душебаев 7, Абутовиќ, Кањељас 1, Циндриќ 4, Дибиров 5, Шишкарев 6, Борозан 5.

РК Охрид: Стојаноски, Босеоски, Андоноски, Младеновски, Костов, Новаковиќ, Спасовски 1, Трајкоски, Јанев 3, Кобетиќ 5, Кежиќ 4, Адамовиќ 5, Димитриевски 2, Трифуноски 3, Белевски.

OhridNews