Фудбалерите на Вардар ја освоија титулата во помлади петлиња (2004 година) победувајќи ја Шкендија после изведувањето на пеналите 5-3, откако регуларниот дел заврши без победник 2-2.

Во пенал рулетот Шкендија промаши во втората серија, а „вардарци“ ги реализираа петте пенали за победа и титула. За „црвено црните“ ова е прва титула во Куп завршницата за младинските категории во Охрид, додека Шкендија го претрпе првиот пораз после три победени финалиња.

Натпреварите во Купот на Македонија за младинските категории ќе заврши денеска со почеток во 17 часот. Силите ќе ги одмерат Милано Куманово – Вардар.

OhridNews