Ракометниот клуб Вардар кој е единствен македонски претставник во Лигата на Шампиони мора да плати еден милион евра за да го потврди учеството во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на ваков чекор се одлучила, откако минатата сезона, скопските „црвено црни“ не го испочитувале договорот со куќата на ракометот. Вардар не ги подморил долговите од времето кога сопственик на клубот беше Сергеј Самсоненко.

ЕХФ му излезе во пресрет на македонскиот првак и потребната сума може да ја плати на две рати. Првата до 13 јули, а втората до 27 јули.

Ако Вардар не изврши уплата до предвидениот рок, ЕХФ, ќе му го земе местото и ќе му го додели на Горење Велење од Словенија.

OhridNews