Македонскиот ракометен првак Вардар ќе разигрува за трофејот во регионалната СЕХА лигата откако обезбеди пласман во првите четири на табелата.
Пласманот на „фајнл форот“ ракометарите на Вардар го заверија со победата над Борац Бања Лука со 26-20 на гостински терен.
Во три годишната историја од ова натпреварување Вардар веќе го има освоено трофејот и тоа во првата сезона откако во финалето го совлада Металург.
Мх.П.