Освојувањето на титулата во Првата македонска фудбалска лига на „црвено црните“ им обезбеди пласман во второто квалификациско коло за влез во Лигата на Шампиони.
Вардар како второрангирана екипа противник на 20 јуни ќе добие од првиот ранг кој е далеку поквалитетен од вториот.
Никогаш до сега македонска екипа не учествувала во групната фаза во Лигата на Шампиони, а најблиску беше токму Вардар кој во последната пречка не успеа да ја мине Спарта од Прага.
Противници: Салзбург (Австрија), Селтик (Шкотска), АПОЕЛ (Кипар), Легија Варшава (Полска), Динамо Загреб (Хрватска), Лудогорец (Бугарија), Копенхаген (Данска), Карабах (Азербејџан), Розенборг (Норвешка), Астана (Казакстан), Црвена Ѕвезда (Србија), Динамо Тбилиси (Грузија), ФХ (Исланд) – Дачија/Шериф (Молдавија).
OhridNews