Ракометарите на Охрид ја забележаа четвртата победа сезонава во Супер лигата, совладувајќи го Вардар Јуниор со 31-21 (15-8) во петтата рунда од шампионатот.

Охриѓани, победникот во „Билјанини Извори“ го решија на почетокот од натпреварот отварајќи го со серија со 6-1.

„Гладијаторите“ продолжија во ист ритам до крајот на првиот кој го добија со седум погодоци (15-8).

Единствена промена во вториот дел беше разликата на семафорот која во еден момент достигна до девет голови (19-10).

„Црвено црните“ се консолидираа и во 50-та минута стигнаа до 23-18, но домаќините возвратија со иста мера и го спроведоа мечот во рутинска завршница.


Во следната шеста рунда од Супер лигата, охридските ракометари силите ќе ги одмерат со Пелистер во Битола.

Р.К. Охрид: Стојановски (1 одбрана), Трајкоски (15 одбрани), Најдески, Андоноски 2, Иваноски 1, Младеновски 4, Блажески 5, Костов, Новаковиќ 1, Спасовски 1, Јанев 3, Кобетиќ 12, Кежиќ 2, Адамовиќ, Трифуноски, Белески.

Р.К. Вардар Јуниор: Иваноски (3 одбрани), Кизиќ (4 одбрани), Димов 2, Анѓелковски, Димовски 1, Георгиевски 1, Ангелов 5, Анастасовки 1, Трпчевски, Симиќ, Ристов 2, Манасков 6, Кукуловски, Вујачиќ 6, Ончев.

OhridNews