Со освојувањето на трофејот во регионалната ракометна СЕХА лига Вардар ја продолжи македонската ракометна бајка.
Ракометната бајка започна со успешните минати квалификации на Металург за пласман во Лигата на Шампиони. Во групата од ЛШ Вардар и Металург се најдоа заедно и исто така ги освојуваа симпатиите во ракометна Европа.
Барселона и ПСЖ ја осетија жешката атмосфера во „Борис Трајковски“, а ништо подобро не поминаа Европскиот првак Хамбург и данскиот шампион Колдинг.
Во првиот месец од новата година на Европското првенство во Данска македонската селекција се пласираше на одличното десетто место и во „ладната зима“ ги стопли срцата на сите македонци.
Но, македонска ракометна бајка сеуште трае Вардар и Металург пред себе имаат четвртфинални предизвици во Лигата на Шампиони и се наоѓаат пред портите на Ф4.
Пласман на финалниот турнир во ЛШ на еден од двата тимови би било идеално продолжение на бајката.
Мх.П.