Благојa Милевски се врати на клупата од Вардар. Со Милевски на чело “црвено црните“ стигнаа до есенската титула, а потоа беше сменат и неговото место го зазеде Никола Илиевски  – Џиџи.

Со Џиџи на клупата Вардар не само што ја загуби лидерската позиција на табелата, него и го навлече гневот на навивачите кои јавно повикаа на оставка од поранешниот селектор на А селекцијата.

Со назначувањето на Милевски за шеф на стручниот штаб, управата на најтрофејниот македонски колектив ја признава грешката направена во зимскиот преоден рок.

Милевски второ деби на клупата од Вардар ќе го има во 1/2 финалето од Купот на Македонија против тетовска Шкендија.

Мх.П.