Вардар го совлада Металург со 21-18 во се`македонското финале од СЕХА лигата. Финалниот меч кој се одигра во загребската “Арена“ им припадна на “црвено-црните“ кои со подобра игра во финишот од средбата успеаја да го свртат резултатот во своја корист.

Најефикасни на мечот беа вардарците Марковиќ (7), Собол (6) и Лазаров (4), а кај Металург  најдобри поединци беа Манасков и Наумовски со по 3 гола.

Во мечот за третата позиција Загреб го совлада Татран со 31-29.

Ohridnews