Ракометниот клуб Вардар го официјализираше трансферот на летонскиот репрезентативец Даинис Кристопанс кој потпиша три годишен договор со клубот.
Највискиот ракометар во Лигата на Шампионите сезонава во составот на Вардар ќе пристигне како замена за Алекс Душебајев кој ќе замине во редовите од Киелце, каде моментално тренер е неговиот татко Талант.
– Секогаш е задоволство кога можеш да потврдиш дека сте успеале да донесете играч кој е веќе докажан, но се уште може да напредува и заедно да се радуваме на нови победи. Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети. – изјави за официјалниот сајт од клубот, Давор Стојаноски.
Кристопанс во Вардар ќе дојде од тимот на Брест Мешков каде се оформи во добар и квалитетен ракометар. – Mинав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар. Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Но, Вардар му понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, и Вардар е еден од најамбициозните клубови во светот во моментов.
OhridNews