Кошаркарите на Вардар го срушија митот за непобедливост на охридскиот клуб откако со 75-62 (16-9, 18-16, 21-17, 20-20) го совлада во дербито во Втората лига.
Домашните кошаркари во малата сала во „Кале“ одиграа меч без респект против лидерот на табелата Охрид кој со победа и теоретски ќе го завереше пласманот во Првата лига.
„Црвено црните“ ги добија првите три четвртини што им обезбеди предност од 13 поени во решавачкиот квартал.
Иако охриѓани нападнаа со сите расположливи средства домаќините не дозволија „сините“ да се вратат во игра за поволен резултат.
Најпрецизен во охридскиот состав со 15 поени беше Петар Виларов, еден помалку (14) постигна Бранко Јанески, а на 13 застана Марјан Младеновиќ.
Домашниот состав до победа го предводеше Бојан Радуловиќ кој реализираше 21 поен.
Мх.П.