Вардар по убедливата победа на првиот натпревар од 3:0, на реваншот во Струмица ремизираше со Брера 1:1 и обезбеди пласман во финалето на Купот.

Противник на Вардар во финалето од Купот ќе биде Струга која денеска одигра идентични 1:1 со Шкендија и благодарение на триумфот на гости во првиот натпревар од 1:2 обезбеди место во завршницата на преварување.

Г.М.