Пријателството кое одржуваат навивачките групи на Вардар и Шалке, ги однесе на мегдан на пријателски натпревар, кој за жал помина во скромна посетоност.
Шалке во Скопје допатува со најсилниот состав, но и тоа не беше доволно за спектакл на „Филип Втори“.
Што се однесува до натпреварот “плаво белите“ триумфираа со 3-2, а головите ги постигнаа Хунтелар, Барнета и Бастош додека “црвено црните“ погодоците ги реализираа Петров и Ацески.