Македонскиот ракометен првак Вардар го отпушти Зоран Кастровиќ од функцијата тренер на екипата, а за негов наследник се шпекулирата со името Талант Душебаев.


Кастровиќ, кој е познат како сопруг на далеку поуспешната Индира Кастратовиќ имаше кратка одисеја на клупата од Вардар. Тој „црвено црните“ ги предводеше на два натпревари во Лигата на Шампиони и на пет мечеви во СЕХА лигата.

Од ваквата одлука беше изненаден и самиот Кастратовиќ. Тој не знаел ништо околу отказот, а му го врачил првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко.

Фаворит број еден за клупата од Вардар е шпанската ракометна легенда која како ракометар брилираше, а како тренер ја водеше екипата на Атлетико Мадрид кога за неа настапуваше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Мх.П.