Раководството на женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со тренерот Индира Кастратовиќ.


„На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв“, се вели во соопштението објавено на клупската интернет страница.

Индира Катратовиќ на кормилото на Вардар застана пред четири години, во тој период освои четири титули и три Купа на домашната сцена, а во Лигата на шампионките три пати го освојуваше третото место.

Неколку проверени тренерски имиња се споменуваат за наследник на Кастратовиќ, но се уште клубот се нема изјаснато за конечната одлука.

OhridNews