Третиот ден од 50. јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, ќе го отворат домаќинот РК Струга и АЕК од Атина (почеток 17:15 часот).
Веднаш по нив (19:15 часот) силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер и словачкиот шампион Татран, а во дербито на вечерта ќе биде познат првиот патник за финалето по директниот дуел меѓу Целје и Вардар (21:15 часот).
Македонскиот шампион Вардар синоќа убедливо ја совлада екипата на Бутел со резултат 32:20, а на полувреме беше 18:8. Претходно словачкиот претставник Татран Прешов го совлада АЕК со 25:21 (16:11), а Алкалоид беше совладан во последните секунди од Целје со 29:28 (15:15). Мечот го одбележа кавгата меѓу тренерите Кирил Лазаров и Алем Тоскиќ, кои беа исклучени пред крајот на првото полувреме и натпреварот го следеа од трибините.
Струшкиот ракометен турнир почна во вторникот, а ќе трае до сабота, кога ќе се знае победникот.
OhridNews