Ракометниот клуб Вардар од следната сезона ќе добие нов шеф на стручниот штаб, откако со сегашниот предводник Стефче Алушовски, раководството нема да ја продолжи соработката.

Алушовски и „црвено црните“ имаат важечки договор до крајот на оваа сезона, кој со сигурност нема да биде продолжен. Еден од подобрите стратези во мак-ракометот најверојатно кариерата ќе ја продолжи во странство, додека во Вардар ќе се врати Веселин Вујовиќ.

Алушовски не ги исполни целите со екипата на Вардар. Клубот не успеа да го помине Веспрем во првата елиминациска рунда во Лигата на Шампиони, претрпувајќи два убедливи порази додека нешто позитивно е атакот на титулата во македонскиот шампионат.

За Вујовиќ кој е миленик на „црвено црните“ навивачи новиот мандат во Вардар ќе биде трет. Во претходните два, Вујовиќ успеа да го стабилизира Вардар и да изгради темели за двете титули, кои скопјани ги освоија во ЛШ.

OhridNews