Продолжението од сезоната македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Вардар најверојатно ќе го помине без услугите на Матијаж Брумен.


Десното крило има повреда на рамото, која го оддалечи од теренот одредено време. Во најбрз можен рок Словенцот ќе знае дали е потребна операција што би значело крај на сезоната.

На позицијата десно крило Вардар моментално има една солуција, а тоа е рускиот репрезентативец Даниел Шишкарев.

„Црвено црните“ сезонава имаат високи цели, а сигурно отсуството на Брумен ќе ја разниша четата на шпанскиот стратег Раул Гонзалес.

Ohridnews